Во сите развиени земји ширум светот, онлајн купувањето на разноразни производи и услуги е веќе одамна тренд, а туризмот како индустриска гранка го следи ваквиот тренд уште од самиот почеток. За разлика од Северна Македонија, каде што продажбата на аранжманите се реализира во најголем дел, по пат на физичка посета на седиштата на агенциите од страна на заинтересираните клиенти, во развиените земји многу туристички агенти работат од дома, бидејќи целокупната работа им е дигитализирана и се одвива единствено преку компјутер и интернет конекција.
Без разлика што во нашата држава досега немаше платформа којашто нудеше онлајн букирање на туристички понуди, сепак трендот одамна е присутен и потребен и на нашите простори. Младата популација секојдневно поминува бројни часови на Интернет и поради брзиот начин на живот и обврските, едноставно веќе не сака да губи толку многу време физички да ги посетува агенциите, да чека да дојде на ред во гужвата во високите сезони и слично.
За да го скрати долготрајниот процес кој вклучува размислување која дестинација сака да ја посети, дали има слободно место во вилата/хотелот, која цена му одговара, па дури потоа да почне телефонски да ги контактира туристичките агенции за да ја пронајде и букира посакуваната услуга, младината се почесто се решава да го употреби времето поминато онлајн, за да го пронајде она што го бара и да го резервира со само неколку кликови.
Бидејќи на веб-сајтовите на македонските туристички агенции немаше можност за проверка на достапност на непродени сместувачки простории, ниту можност за онлајн букирање, луѓето се почесто се решаваат самите да ја играат улогата на туристички агенти, односно да букираат сместување на некоја од познатите букинг платформи, како што се Booking и AirBnb, да си резервираат онлајн авионски лет и слично. Со ваквите промени во однесувањето на купувачите на туристичките услуги, нашите туристички агенции губат дел од парите, коишто се одлеваат во странство.
Со платформата Меракзи, којашто овозможува на брз и едноставен начин да се менаџира закупот на сместувачки објекти, меѓуагенциската соработка и целокупната документација, гужвите во агенциите и бесконечните телефонски повици со клиентите, конечно ќе станат минато.
Се разбира дека потребно е да помине подолг временски период, за да се сменат навиките на купувачите, за тие полека да започнат сами да ја разгледуваат актуелната понуда на сите туристички агенции и онлајн да си го букираат најсоодветниот аранжман за нив, сепак и во оваа фаза агентите можат да заштедат многу голем дел од своето работно време.
Така, кога заинтересиран купувач, ќе се јави на телефоните во агенцијата и ќе започне да поставува безброј прашања за дестинациите коишто ги нуди, содржините во сметувачките објекти, цените на аранжманите слично, агентот ќе може веднаш да го упати на веб-страната, каде што тој ќе ги добие сите потребни информации.
Да речеме дека клиентот е заинтересиран за летување на кракот Касандра, но не знае точно за кое гратче, во кој термин и која цена е подготвен да ја плати. Наместо, агентот да му ги објаснува условите за разните дестинации, понуди, цени и термини, може едноставно да го упати клиентот на веб-страната, каде што ќе може да го одбере целиот регион, да одбере отприлика календарски период и да ја ограничи минималната и максималната цена којашто сака да ја плати. На овој начин, преку персонализирано филтрирање на аранжманите според потребите на клиентот, тој ќе може да разгледа се што е достапно за букирање и доколку донесе одлука за купување на некој аранжман, веднаш да ја направи резервацијата онлајн. Воедно, линковите од направеното пребарување, веројатно ќе ги сподели со луѓето коишто ќе патуваат заедно со него, како и со други пријатели/роднини, што значи дека ќе се прошири и опсегот на потенцијални клиенти за секоја агенција-членка на Меракзи.
Освен брзото и ефикасно конвертирање на долгите телефонски разговори со заинтересираните странки во детално онлајн разгледување на целата понуда на аранжмани и можност за купување преку Интернет за само неколку минути, овој систем решава и други проблеми на агенциите. Седиштата на агенциите имаат определено работно време, после кое странките досега немаа можност да добијат информација или да купат аранжман. Отсега и тој проблем е решен, односно странките ќе научат самостојно да се информираат за сите детали коишто им се потребни пред да направат онлајн купување и после работното време на агенциите, односно 24/7 во сите работни и неработни денови од годината, што дополнително ја олеснува работата на агентите.
Со можноста за брзо споредување на разните достапни аранжмани, детален преглед на условите и онлајн резервација без потреба од посета на седиштата на агенциите, бројот на повторувачки телефонски повици во коишто агентите секојдневно ги одговараат истите прашања и губат многу дел од работното време, со тек на време значително ќе се намалуваат. Луѓето ќе научат како сами да дојдат до одговор на потребните информации за патувањето, без да се потпираат целосно на агентите, туку на своите лични желби и преференции.
Никако не смеете да го испуштите делот за додавање на начините преку кои луѓето можат да ве контактираат, особено телефонските броеви, е-маил адреси и веб-сајтот на вашата агенција. Исто така, битно е да се знае дека многу луѓе ја користат социјалната мрежа Фејзбук за да означат т.е. „тагнат“ разни бизнис страници во нивните ФБ објави, па затоа не заборавајте во „About“ секцијата да го вклучите и вашето корисничко име (username). Тоа треба да биде лесно за помнење (исто или слично на името на вашата агенција) со цел клиентите да можат лесно да ве пронајдат и да ја „тагнат“ вашата страница, а со самото тоа да ви прават и бесплатна промоција на истата.
Постојат две значајни полиња коишто треба да ги пополните во „About us“ секцијата, преку кои ќе им покажете на вашите посетители повеќе за вашиот бизнис и визијата која стои зад него.
Делот „About“ којшто се појавува под „more info“ е наменет за краток опис на вашиот бизнис. Тука треба да вклучите една до две реченици коишто јасно ја отсликуваат визијата на туристичката агенција во којашто работите и услугите коишто ги нудите. Делот „Our Story“ ви овозможува подолго и во повеќе реченици да ја опишете вашата агенција. На овој простор, можете да напишете кратка историја за тоа што ве инспирирало да станете туристички агент, да одговорите на прашањето зошто луѓето треба да ја посетат и следат вашата ФБ страница и на кој начин вашата агенција се грижи за своите клиенти да имаат фантастично искуство во текот на патувањата организирани од ваша страна.
- Доколку имате некаква специјалност, не заборавајте да ја вклучите и таа информација, бидејќи луѓето коишто бараат некоја поспецифична услуга, на брз и едноставен начин ќе дознаат дека вие ја нудите и ќе ве контактираат.
- Излистајте ги сертфикатите коишто ги имате и разните области на експертиза. Ова може да ви помогне да се истакнете во однос на конкурентските ФБ страници на туристичките агенции и да го зголемите вашиот авторитет и кредибилитет во очите на клиентите, уште пред тие да ве контактираат и запознаат.
- Напишете ги работните часови во коишто е отворена вашата агенција, како и точната локација на којашто се наоѓа вашето седиште.
- Доколку туристичката агенција во којашто работите е активна и на други социјални мрежи, тогаш дефинитивно тука можете да ги вклучите и линковите до тие профили. На овој начин, на луѓето коишто ретко користат Фејзбујк или повеќе преферираат други социјални мрежи, а сакаат да останат во контакт со вас, ќе им овозможите полесен пристап до вас.