Рапидниот раст на е-трговијата во светски рамки, континуирано го менува начинот на функционирање на голем број индустриски гранки, а туризмот уште од самите почетоци го следи овој глобален тренд, со појавата на светските букинг платформи кои денес масовно се користат ширум светот. Македонија не е исклучок од овој тренд, бидејќи модерниот начин на живот наметнува потреба и туризмот како индустриска гранка да се промени и прилагоди на новите потреби и навики на купувачите, кои полека се навикнуваат да пазарат онлајн преку нивните дигитални уреди, без разлика дали додека одмораат во удобноста на нивниот дом или додека се во движење и завршуваат други обврски.
Неспорен е фактот дека е неопходна промена и приспособување на туризмот во нашата земја, кон потребите на современите Македонци, кои од година во година имаат сè поголема тенденција за удобно онлајн пазарење, без да мораат да лутаат по разни агенции за да го пронајдат аранжманот кој ќе одговара на нивните потреби. Токму поради тоа, се јавува потребата од целосно дигитализирање на работата на оваа индустрија, со цел заштеда на време и енергија на агентите и нивните клиенти во пребарување низ базата од илјадници аранжмани.
Како туристичките агенции досега проверуваа достапност на непродадени аранжмани и какви негативни последици донесе нивната неможноста да го направат тоа брзо и ефикасно?
Веројатно најголемиот проблем во досегашното работење на туристичките агенции, претставуваше неможноста на агентите да направат брза проверка на слободни/непродадени аранжмани. Со самото тоа се усложнува меѓусебната соработка со субагентите, кои ги препродаваат аранжманите за сместувачките објекти што се во сопствен закуп на туроператорите. Тоа е така, бидејќи пред секоја заинтересираност за купување одреден аранжман од страна на клиентите, туроператорите и суабагентите досега мораа меѓусебно да искомуницираат преку телефон или имејл, за да прашаат дали терминот за одреден објект го продале или е слободен. Тој процес, одземаше многу време, енергија и ресурси кај сите заинтересирани страни: агенциите коишто меѓусебно соработуваат и заинтересираните странки на кои им е неопходна информацијата за достапност на непродадени аранжмани, пред да го направат својот избор за купување конкретен аранжман.
Тоа кај крајните корисници на услугите, создаваше фрустрација поради обемот на време коешто мораа да го вложат во бројни телефонски јавувања кон разните агенции, проверување на аранжманите објавени на нивните веб-сајтови на кои исто така не можеа да ја проверат достапноста и во чекањето редици во седиштата на агенциите, за да дојдат до посакуваниот аранжман според нивните желби. Целиот овој бавен процес на проверка, им оневозможуваше да дојдат до основните информации, кои им се неопходни за да оформат мислење пред сè за тоа што поточно бараат, која дестинација сакаат да ја посетат, која е цената којашто сакаат да ја инвестираат во согласност со понудените услуги и слично.
Бавниот процес, резултираше до бројни изгубени клиенти за агенциите, кои поради неможност навремено и ефикасно да ги услужат, се откажуваа од правењето голем број телефонски повици или чекањето редици во агенции. Во модерната, дигитална ера во којашто живееме, секој потенцијален клиент би требало да може, да речеме да дојде дома после работа/факултет и од удобноста на својот дом, додека се релаксира после попладневниот ручек, да ја разгледа македонската туристичка понуда, да го сведе изборот на 10-20 аранжмани коишто се слободни за продавање и потоа едноставно да избере еден и да го направи купувањето.
Merakzy брзо и ефикасно го решава проблемот со проверка на достапност на непродадени аранжмани
Благодарение на едноставниот Календар на расположливост и достапни резервации за агенциско букирање во Merakzу, секој агент во Македонија конечно доби можност за само неколку секунди да провери кои се непродадени термини во неговата агенција и во агенциите коишто тие се јавуваат во улога на препродавачи. Наместо бесконечните секојдневни повици и имејл пораки кои тие досега мораа да си ги разменуваат секојпат кога ќе се јавеше заинтересиран клиент, сега целата проверка се прави во реално време, преку само неколку кликови на платформата.
Со едноставна селекција на некој од понудените филтри за прикажување на резултатите според избор на конкретен сместувачки објект, за избран календарски период, тип на просторија, капацитет на просторијата, број на спрат и тип на поглед, агентите можат веднаш да ја добијат посакувата информација и значително побрзо да ги услужат нивните заинтересирани клиенти.
Ова во пракса значи, дека агентот може во секој даден момент според потребите на клиентот, за 2-3 секунди да провери на пример колку слободни соби има во хотелите/апартманите во Ханиоти на Касандра, за кои календарски периоди, со колкав капацитет се слободните соби, дали има слободни соби со поглед на море, планина, градина итн. Тоа значи дека буквално сите потреби и желби на клиентите се земени во предвид и интегрирани во платформата, а со самото тоа ќе се скрати нивниот процес за носење одлука за купување.
Формулата за успех на сите инволвирани страни, е многу едноставна и изгледа вака:
Добар менаџмент на работните процеси = задоволни и растеретени вработени = добро услужени и задоволни клиенти = лојални клиенти кои ќе ги земат предвид услугите на истата агенција и наредниот пат кога ќе имаат потреба од патување = задоволни сопственици на агенции = поуспешни и попрофитабилни агенции = оптимизација на туристичката индустрија во целина.
Можноста за брз преглед на слободни/зафатени термини во сместувачките објекти, од своја страна ќе придонесе и:
Фокусот на агенциите конечно ќе биде на услужувањето на нивните крајни корисници на услугите, наместо во залудно потрошени часови во административни задачи.