Во македонскиот туризам, голем дел од процесите се одвиваат на традиционален начин, кој е премногу бавен за времето во коешто живееме и не е соодветен на потребите на модерните луѓе. Агенциите коишто имаат свој закуп на сместувачки објекти соработуваат со бројни субагенти коишто ги препродаваат аранжманите во нивно име, за одредена провизија, меѓутоа таа соработка одзема премногу време за двете инволвирани страни, бидејќи достапноста на слободни/непродадени аранжмани меѓусебе ја проверуваат преку телефон и имејл.
Тоа не само што одзема многу ресурси и голем дел од работното време на вработените во агенциите, туку истовремено значи дека не останува доволно слободно време за тие квалитетно да ги услужат клиентите коишто чекаат да дојдат на ред. Телефонските линии во високите сезони постојано даваат сигнал за зафатено, во седиштата на агенциите постојано има гужви и заинтересираните странки немаат можност никаде да проверат кои се непродадени аранжмани, бидејќи ни самите агенции не располагаат со ваквите податоци во реално време, односно во секој момент.
Календарот на расположливост на нашата платформа го прикажува бројот на слободни сместувачки простории во дадените термини на аранжманите. Тој служи за брз преглед на моменталната состојба на расположливи сместувачки простории, како и за нивна резервација кога се случува офлајн агенциска продажба, односно традицонален начин на продажба во седиштата на агенциите. Воедно, во календарот се достапни и различни филтри за брз преглед на аранжмани класифицирани според одреден параметар, како на пример преглед на достапни аранжмани за некој конкретен сместувачки објект, според тип (вила, хотел), според капацитет на објектот (број на кревети и соби), поглед на објектот (кон море, планина, градина), според селектиран календарски период и слично.
За потребите на функционирање на овој календар, агенциите претходно еднократно ги внесуваат сите податоци на платформата, во врска со сместувачките објекти (опис, фотографии, типови капацитети и сл.) и сите податоци на самите понуди (термини, програма за патување, пансиони, попусти, превоз и сл.)
Целта е календарот на расположливост да се користи наместо досегашниот начин на агенциска продажба. Процесот на резервација е многу едноставен, односно агентот ја селектира посакуваната сместувачка просторија во бараниот термин и ги пополнува податоците за туристите и дополнителните услуги. Доколку пак продажбата е направена онлајн од страна на самите туристи, преку веб-сајтовите на агенциите или преку АјдеНаОдмор.мк, во календарот на Merakzy автоматски ќе се зафатат тие аранжмани, односно ќе станат недостапни.
За разлика од досегашниот начин на соработка со субагентите, во кој не постоеше метод да се направи брз преглед на слободни аранжмани за продажба, ниту од страна на туроператорите, ниту од страна на нивните субагенти, сега со помош на платформата Merakzy, целиот процес за проверка, зафаќање на избраните аранжмани и правењето резервација е работа од само неколку секунди.
Сè што е потребно, е агенцијата којашто е сопственик на закуп, да ги сподели своите понуди со сите свои соработници, со кликање на копчето за споделување. Со оваа опција, сите аранжмани коишто субагентите треба да ги препродаваат, се појавуваат во календарот на достапни аранжмани, на нивните засебни профили на Merakzy.
Дигитализацијата на работата на туристичките агенции и одличните можности за забрзување на сите нејзини процеси, овозможени преку платформата Merakzy, ќе променат многу нешта на подобро во оваа индустриска гранка, а од нив придобивки ќе имаат сите инволвирани страни, односно туроператорите, субагентите и крајните клиенти, каде: