Секоја туристичка сезона, македонските туристички агенции вложуваат многу време, пари и енергија во дизајнирање и печатење илјадници примероци од летоци, брошури и каталози за промоција на нивните аранжмани. Овој маркетинг модел со децении се применува во туристичката индустрија, бидејќи уште од времето се има покажано како успешна стратегија информациите да допрат до што е можно поголем број луѓе.
Сепак, во време на дигитална ера, светот уште одамна тргна во правец на дигитализација на сите сектори, вклучително и маркетингот и туризмот. Во Македонија, и покрај тоа што поголемиот број туристички агенции имаат своја веб-страна на којашто заинтересираните клиенти можат да ги разгледаат актуелните понуди, тие и понатаму продолжија да вложуваат многу средства во ваквиот традиционален начин на промоција.
Речиси сите седишта на туристичките агенции имаат големи стаклени ѕидови и тој простор го користат за лепење листови со испишани имиња на популарните дестинации и промотивни цени коишто ги нудат. Причината за тоа е лесно разбирлива: можноста за задржување на вниманието на повеќето случајни минувачи кои во текот на денот проаѓаат покрај агенциите, а со самото тоа пројавување желба и интерес од нивна страна за некоја од понудите, кои потоа би конвертирал во продажби.
И покрај делумната успешност на ваквиот традиционален маркетинг, битно е да се истакне дека во денешно време, со брзиот развој на технологијата, луѓето го насочуваат најголем дел од своето внимание на нивните дигитални уреди, а сè помалку на физичкиот свет. Што тоа значи? Тоа значи дека со оглед на фактот дека луѓето во Македонија, голем дел од своето слободно време додека, да речеме се возат во автобус, одмораат на некоја клупа, се излезени сами или со друштво на прошетка и слични други активности, го поминуваат примајќи и споделувајќи информации преку нивните мобилни телефони. Воедно, поголемиот дел од луѓето целото или барем дел од своето работно време го поминуваат работејќи на своите компјутери.
Оттука, неоспорен е фактот дека во новата дигитална ера сите ние сме фокусирани на примање и споделување информации преку сите можности коишто денес ни се овозможени на Интернет: постојана комуникација со други луѓе преку социјалните мрежи, читање вести, гледање видеа, филмови, емисии, слушање музика, учење разни науки, професии, стекнување разни нови вештини итн. Голем дел од нештата коишто ни се потребни во животот, ги добиваме од еден или неколку дигитални уреди. Како резултат на тоа, не ни останува многу од лимитираниот фокус со којшто биолошки располагаме за можеме да примаме информациии од надворешниот свет, како што тоа било случај во минатото.
Тоа значи дека ваквата маркетинг стратегија е веќе одамна застарена, неефикасна, им одзема време и пари на агенциите, а луѓето се едноставно преокупирани со бројните обврски и информации коишто ги примаат во масовни количини на секојдневна основа, па голема е веројатноста дека само ќе си поминат покрај стаклените излози и нема ни да забележат и запомнат која или каква туристичка понуда била истакната таму. Дури и да допре информацијата до случајните минувачи, промоцијата е сепак во голем дел неефективна, бидејќи:
1. Минувачите не мора да значи дека се и потенцијални клиенти, бидејќи тие едноставно само имаат потреба да поминат оттаму, но немаат потреба од разгледување аранжмани и немаат намера наскоро да донесат одлука за купување на некој од нив.
2. Поголемиот број од туристички агенции се сконцетрирани во Центарот на градовите, па невозможно е како што минувачите ќе проаѓаат покрај разните дуќани и туристички агенци да ги запомнат информациите на десетиците листови облепени на стаклата, бидејќи тоа е голем обем на податоци за нашата лимитирана меморија.
3. Доколку пак, минувачот е заинтересиран потенцијален клиент, тој повторно би подзастанал само да фотографира некои од понудите истакнати на листовите, со цел потоа од дома, од работа или од кај и да реши, да ги посети веб-страните на агенциите, за да ги прочита деталите. Тоа укажува на фактот дека дури и да не е истакнат ниеден лист на излозите на агенциите, личноста којашто сака да оди на патување самостојно ќе ја разгледа на Интернет актуелната туристичка понуда, бидејќи има желба и намера да патува, а пред тоа да пронајде соодветен аранжман.
4. Истакнатите листови, се некреативни и немаат никаков дизајн. Со цел заштеда на време, дизајн и печатење, на истите има само неколку информации (име на дестинација, име на вила и цена) со крупен црн фонт. Поради обемот на листови кои изгледаат речиси идентично, не може да се очекуваат големи резултати во носење одлука за купување аранжмани од тие случајни минувачи. (ова не)
5. Дури и минувачите како резултат на истакнатите листови, да донесат одлука да влезат внатре за да погледнат како изгледа сместувачкиот објект којшто е истакнат во понудата, туристичките агенти можат само да им понудат разгледување на објектите на нивните дизајнирани каталози, за чијашто изработка инвестираат пари и време, а ефектот е недоволен. Во последниве години, агентите сè повеќе ги пренасочуваат заинтересираните странки на нивните веб-сајтови, но и на нив дизајните се многу застарени, а информациите се недоволни и премногу хаотично организирани, па не ги задоволуваат потребите на модерните патувачи. Ова не би требало да биде така, бидејќи вебот овозможува совршена, креативна и уникатна кастимизација?прилагодување?? на мултимедијални и текстуални содржини, кој ќе одговара на потребите на самата агенција и ќе ја разликува од сите останати конкуренти на пазарот.
На каталозите коишто агенциите ги печатат, фотографиите се мали, квалитетот на бојата е недоволен и просторот на хартијата е ограничен. Модерните луѓе сакаат да имаат можност,во нивно слободно време и од удобноста на нивниот дом или од кое било место, да можат разгледаат фотографии и видеа, во висока резолуција од сместувачките објекти и дестинациите кои размислуваат да ги посетат. Само тогаш, ќе знаат точно каде одат и дали им одговараат условите, бидејќи фотографиите и видеата се детални и ја прикажуваат реалната состојба. Таквата услуга брзо, ефикасно и значително поевтино се овозможува преку Интернетот, а агенциите минимално го користат неговиот огромен потенцијал.
Може лесно да се заклучи дека печатените промотивни материјали се само уште еден застарен крик на традиционалниот маркетинг, кој мора да се замени со помодерни и поефикасни методи, кои денес ни се лесно достапни на сите нас.
На платформата Merakzy, секоја агенција-членка има можност да прикачува галерии со бројни фотографии со висока резолуција од нивните сместувачки објекти, кои потоа ќе се прикажуваат на АјдеНаОдмор, како и на веб-сајтовите на агенциите на посебен линк за онлајн букинг, овозможен од наша страна. Со ова, ќе се заштеди огромно количество време и пари, бидејќи галериите во Merakzy се пополнуваат еднократно (по потреба, во секое време со неколку клика можат да се надополнат и изменат) и потоа, со едноставна селекција на посакуваниот објект, сите текстуални или дигитални информации ќе се реплицираат во актуелните термини. Ова значи дека е доволно да имаат да по речеме 20-тина фотографии во висока резолуција од сите сместувачките објекти коишто се во сопствен закуп на туроператорите, еднократно да ги прикачат на платформата и тие автоматски ќе се реплицираат и кај нивните субагенти, како и на веб-сајтот на агенцијата и на АјдеНаОдмор. Таа досегашна репетитивна задача на вработените се решава еднократно, со само неколку кликови, а потенцијалните клиенти, кои секако огромен дел од времето го поминуваат онлајн, ќе бидат задоволни од услугите, бидејќи:
1. Заштедуваат многу време во посетување туристички агенции и собирање информации за аранжманите од летоци, брошури и поставување прашања до агентите во живо, кои сами по себе се недоволни.
2. Сегашните веб-сајтови на агенциите не располагаат со убави, ажурирани фотогалерии, па потенцијалните клиенти не можат да бидат сигурни какви се условите во сместувачкиот објект и дали понудата е задоволителна според нив и во согласност со нејзината цена.
3. Со едноставно пребарување на Google, без разлика дали преку барање конректна дестинација, објект или туристичка агенција, веднаш ќе ја пронајдат посакуваната информација. Бидејќи нашите платформи овозможуваат приказ само на непродадени аранжмани, тие конечно имаат можност и побрзо да донесат одлука за да купат аранжман онлајн. Ова го скратува процентот на изгубени клиенти поради заборавање што разгледувале во агенција или онлајн и немање доволно јасни и прецизни информации за објектите и слободните места за резервација. Воедно, се намалува и процентот на незадоволни клиенти, кои од лимитираните информации овозможени од страна на агенциите добиле впечаток дека ќе добијат подобра, а добиле полоша услуга.
4. Поради незадоволството од досегашниот квалитет на промоција на услугите и бавноста на процесот барање-селектирање-купување аранжмани, кој им троши премногу време на потенцијалните клиенти кои со денешниот начин на живот го немаат на располагање, голем дел од младите во Македонија, решаваат самите да заземат улога на туристички агенти. Тие започнаа самостојно да ги организираат нивните патување преку резервација на сместувачки објект на модерните странски букинг платформи (Booking, AirBnb и други) и организација на превоз, без разлика дали со сопствено возило или резервација на автобуски или авионски превоз. Тоа им заштедува многу време, изборот на услугите го прават самите бидејќи сите потребни информации им се транспарентно прикажани на платформите, а домашните туристички агенции губат клиенти и пари, единствено поради застарени модели на работење, а не и лоша понуда.
Современите дигитални маркетинг стратегии, отвораат можност за поголема промоција на македонската туристичка понуда, како на големите, така и на помалите туристички агенции, бидејќи ние на АјдеНаОдмор постојано вложуваме креатива и инвестиција во транспарентна промоција на актуелните понуди на сите наши членки, до огромна публика којашто редовно нè следи. Нашата публика, во комбинација со редовните клиенти и посетите на веб-сајтовите на агенциите, ќе го опфати целиот домашен пазар, што значи дека и агенции и клиентитие ќе бидат значително поефикасни и позадоволни.
Воедно, доколку туристичката агенција нема свои квалитетни фотографии и нема можност да ги направи, нашиот тим може да помогне, преку посета на дестинациите и објектите и нивно фотографирање со професионални фотоапарати и камери. Ако познатата изрека гласи „Една фотографија, илјада зборови“, замислете само колку информации ќе пренесете со педестина големи и детални фотографии од вашата понуда, во комбинација со видео од прекрасните дестинации за коишто нудите аранжмани?!