Merakzy

AI интеграција за крај на рачното книжење во Merkazy

Рачното книжење на уплати е една од најмонотоните, но истовремено и најодговорни задачи во туристичките агенции. Секој ден пристигнуваат уплати на банкарска сметка, а агентите мора да го отвораат изводот, да ја читаат секоја трансакција и рачно да пребаруваат низ фактури, профактури и резервации за да откријат на што се однесува уплатата. Овој процес одзема многу време, бара максимална концентрација и секогаш носи ризик од човечка грешка.

AI интеграција за крај на рачното книжење во Merkazy

Со AI модулот за скенирање на банкарски изводи во Merakzy, овој процес се трансформира во паметна автоматизација со целосна контрола во рацете на агентот. Наместо рачно пребарување, системот го анализира изводот и за секоја уплата предлага со која фактура или резервација треба да биде поврзана. Она што е најважно во целиот процес е тоа што агентот го има финалениот збор, односно може да ја прифати предложената врска или да ја промени доколку смета дека е потребно. На овој начин автоматизацијата помага, но контролата останува кај тимот.

Системот ги скенира колоните за приливи и одливи, цел на дознака и повикување на број, како и датумите и бројот на извод. За сите уплати каде што е експлицитно наведен број на фактура, профактура или договор за патување, системот веднаш предлага соодветно поврзување. За трансакциите што не се релевантни за обработка, како исплата на плати или сметки за струја и интернет, системот воопшто нема да понуди поврзување. Ова значи дека фокусот останува само на релевантните приливи.

Во ситуации кога системот не може со сигурност да препознае со која резервација е поврзана уплатата, агентот може лесно да направи рачно поврзување. Наместо целиот процес да биде мануелен, автоматизацијата го покрива најголемиот дел од работата, а човекот интервенира само таму каде што е потребно.

Важен аспект е и безбедноста на податоците. Банкарските изводи се користат исклучиво за привремена обработка и не се зачувуваат трајно во системот. Во базата се чуваат само уплатите што администраторот експлицитно ќе ги внесе и ќе ги поврзе со постоечки документи. На овој начин се обезбедува заштита на чувствителните податоци и се обезбедува сигурност за корисниците.

За да се извлече максимумот од модулот, препорачливо е клиентите во цел на дознака да го наведуваат типот и бројот на документот на кој се однесува уплатата. Примери како „договор 10/2026“, „профактура 10/2026“ или „фактура 10-11/2026“ му овозможуваат на системот веднаш да ги поврзе уплатите со точните резервации.

Непрецизни формулации без тип на документ или со нецелосни информации значително ја намалуваат можноста за автоматско препознавање.

Резултатот е значително забрзување на евиденцијата за наплатата на профактури, фактури од субагенти и уплати од физички лица. Наместо часови рачна работа, процесот се сведува на неколку минути проверка и потврда.