Merakzy

Помалку проверки, повеќе контрола со автоматски нотификации

Во секојдневието на туристичките агенции, најголемиот ризик често го носат малите пропусти. Недоплатена резервација што поминала незабележано, патници што не се известени навреме, ваучер што требало да се испрати вчера, фактура што никогаш не стигнала до субагент затоа што нечиј мејл сервер решил да ја блокира и голем број други ситни заборавени обврски. Сите овие работи не звучат драматично поединечно, но кога ќе се соберат, создаваат стрес, дополнителна работа и финансиски ризик.

Помалку проверки, повеќе контрола со автоматски нотификации

Токму затоа нотификациите во Merakzy функционираат како постојан потсетник и водилка низ оперативниот дел од моментот кога една резервација ќе започне. Наместо тимот постојано да проверува табели, листи и мејлови, системот ја презема улогата на контролна табла што кажува што е следно и што бара да обрнете внимание.

Еден од најважните делови во работењето е следењето на доплатите. Системот јасно покажува колку резервации не се целосно доплатени и треба да се затворат во следните 15 дена. Ова овозможува тимот навреме да реагира, без паника во последен момент и без ризик финансискиот дел да остане незатворен. Наместо постојано рачно пребарување низ резервации, приоритетите се појавуваат сами.

Покрај финансискиот дел, системот потсетува и на комуникацијата со патниците. Дали се испратени известувања за поаѓање? Дали сите патници се информирани навреме? Овие прашања повеќе не зависат од вашето помнење или од рачни проверки. Нотификациите јасно покажуваат што е завршено и што сè уште чека акција и тоа и за физички лица и за фактури.

Следниот критичен чекор се ваучерите. Често се случува резервацијата да биде целосно доплатена, но ваучерот да остане неиспратен поради обем на работа или едноставно заради човечки пропуст. Системот веднаш сигнализира кои ваучери не се испратени, за тимот да може брзо да реагира и да го затвори процесот.

Посебно корисна е и контролата на фактурите кон субагенти. Во пракса, чест проблем се техничките пречки со мејл сервери поради кои фактурите не стигнуваат до примачите. Наместо ова да остане незабележано, системот известува кои фактури не се доставени, за тие веднаш рачно да се препратат и да се избегнат недоразбирања.

На крајот од денот, системот дава и јасна слика за целосниот прогрес. Информацијата колку резервации биле целосно финансиски затворени во претходниот ден овозможува тимот да го следи напредокот и да има чувство на целосна контрола врз работата.

Целта на сите овие нотификации е едноставна, сигурност дека ништо не е пропуштено, ниту во финансискиот дел, ниту во делот на реализација на патувањата. Кога системот постојано потсетува и приоретизира, тимот може мирно да премине на оперативниот дел и да се фокусира на комуникација со патниците и организација на патувањата, наместо на бескрајни проверки.

Кога знаете дека системот внимава на секој чекор, работата станува полесна, поорганизирана и многу помалку стресна.