Merakzy

Автоматизирани СМС известувања за доплати, тргнувањa и важни информации

Во секојдневното работење на туристичките агенции постои еден скриен дел од работата за кој ретко се зборува, особено во летниот период кога скоро секојдневно тргнуваат или се враќаат голем број на патници. Отворени Excel табели, расфрлани списоци, различни пресметки за секој патник, десетици пораки и бескрајни проверки кој е известен за тргнување, место за чекање или кој сè уште не платил. Дали ова сценарио ви е познато? Часови и часови работа, дополнети со многу голем ризик од правење грешка.

Автоматизирани СМС известувања за доплати, тргнувањa и важни информации

Огромен дел од времето во секојдневието на агенциите оди на пишување пораки, проверување информации и постојано повторување на исти рачни обврски за секое патување и секоја група патници. Наместо фокус на раст и продажба, тимовите се заглавени во оператива. Токму затоа во Merakzy овозможивме нова фукнционалност, чија цел е да ја автоматизира оваа рутина и да внесе ред во процесите.

Со автоматизацијата, целиот процес се сведува на едноставна акција. Системот автоматски ја пресметува точната доплата за секој патник, испраќа известувања до сите одеднаш, води лог дали пораката е испратена и обезбедува јасен доказ дека патниците биле информирани. Наместо часови работа и рачно проверување, целиот процес станува брз, точен и без ризик од пропусти.

Друг важен момент кој редовно создава хаос е известувањето за тргнување. Ден или два пред тргнување, телефоните почнуваат да ѕвонат, а пораките се множат. Патниците повторно прашуваат од каде е тргнувањето, во колку часот тргнува автобусот и од која локација се качуваат. Иако овие информации веќе постојат, тие мора повторно да се испраќаат индивидуално, што значи десетици пораки и огромна загуба на време.

Со системот, сите патници од истото тргнување се известуваат истовремено. Со еден клик, целата група добива точни и навремени информации за тргнувањето, а истата функционалност може да се користи и за враќањето. Ова значително го намалува притисокот врз тимот во најкритичните моменти пред патување и создава чувство на контрола наместо хаос.

Третата ситуација што често се занемарува се патниците кои патуваат со сопствен превоз. Иако не користат автобус, тие мора да ги знаат правилата за check-in и check-out, куќниот ред и важните информации за сместувањето. Во реалноста, овие информации често се испраќаат рачно или се забораваат, што може да доведе до недоразбирања и непријатни ситуации.

Автоматската комуникација овозможува сите овие информации да бидат испратени веднаш и без дополнителен труд. Секој патник добива јасни инструкции навреме, без потреба од дополнителни пораки и проверки од страна на агенцијата.

Кога ќе се погледнат сите овие процеси заедно, станува јасно колку време и енергија се трошат на задачи што можат да бидат автоматизирани. Наместо тимот да се занимава со копирање текстови, пребарување по табели и постојано проверување, автоматизацијата овозможува фокус на она што навистина носи вредност, а тоа е подобро искуство за патниците, развој на нови понуди и раст на бизнисот.

На крајот, целта не е агенциите да работат повеќе, туку да работат попаметно. Со намалување на рачната работа, елиминирање на грешките и воведување на систем што комуницира автоматски со патниците, се создава простор за развој и скалирање. Во индустрија каде времето е најскапиот ресурс, секој процес што се сведува на еден клик значи вистинска конкурентска предност.