Merakzy

Црна листа: Заштита на агенциите од ризични патници

Работата со патници подразбира доверба, сигурност и разбирање, но во пракса често се појавуваат ситуации во кои одредени лица предизвикуваат проблеми, злоупотребуваат услуги или создаваат непотребен притисок врз вработените во туристичкито сектор. Затоа Merakzy воведе нова функционалност, Црна листа, наменета за заедничка заштита на туристичките агенции и тур операторите.

Црна листа: Заштита на агенциите од ризични патници

Црната листа претставува централизирана евиденција на патници кои во минатото направиле посериозни проблеми или покажале несоодветно однесување кај било кој оператор. Со јасно обележување на ваквите случаи, агенциите можат навреме да препознаат потенцијален ризик и да избегнат ситуации кои најчесто одземаат многу време, енергија и нерви на вработените.

Оваа функционалност е особено важна во текот на летната сезона, кога обемот на работа е најголем, фокусот е насочен кон продажба, организација на сместување, превоз и логистика, а времето за решавање проблеми е ограничено. Во такви услови, одредени патници знаат да го злоупотребат моментот, да инсценираат ситуации или да изнудуваат дополнителни услуги.

Со внесување на патник во Црната листа, системот овозможува автоматско предупредување за сите останати агенции. Доколку некој оператор внесе податоци како име и презиме, телефонски број и датум на раѓање кои одговараат со податоците на лице од листата, веднаш се појавува предупредување со досие и опис на претходните дејствија на тој клиент. На тој начин, секоја агенција може информирано да донесе одлука како да постапи понатаму.

Црната листа не е алатка за казнување, туку механизам за превенција и заштита. Заштитата на туристичките работници и нивното време е еден од клучните начини за унапредување на работењето и за долгорочно зајакнување на туристичката фела против злоупотреби на нивната работа.

Со Merakzy, агенциите не се сами, туку се дел од заеднички систем кој штити, информира и поддржува.