Merakzy

Слободна продажба: Целосна евиденција за секоја продажба

Модулот Слободна продажба во Merakzy е наменет за ситуации кога туристичката агенција или тур операторот реализира продажба која не е дел од сопствените аранжмани или не потекнува од закуп или споделена понуда од друга агенција.

Слободна продажба: Целосна евиденција за секоја продажба

Преку овој модул, секоја продажба може уредно да се евидентира во системот, без разлика на нејзиниот тип. На овој начин, сите податоци остануваат централизирани и достапни во еден систем, без паралелни табели или рачни белешки.

Модулот овозможува генерирање на целосна документација, вклучувајќи договор за патување, уплатница, фактура, книжно одобрение, ваучер или кој било друг документ што е потребен во процесот на продажба. Истовремено, сите податоци за патниците се зачувуваат во вашиот систем и можат понатаму да се користат за анализа и следење.

Слободната продажба е особено практична за понуди како што се еднодневни и повеќедневни екскурзии, визи за одредени дестинации, автобуски и авио билети, патнички осигурувања и други туристички услуги кои не се дел од стандардните аранжмани.

Дополнително, и во рамки на овој модул можете лесно да креирате патни и rooming листи, да ги следите доплатите и должниците, како и да имате целосна финансиска и оперативна евиденција за секоја реализирана продажба.

Со модулот Слободна продажба, Merakzy ви овозможува целосна флексибилност, јасна документација и централизирано управување со сите типови туристички услуги од едно место.