Merakzy

Електронски потпис на договор за патување и онлајн плаќање

Merakzy од неодамна овозможува електронски потпис на договор за патување, наменет за ситуации кога патникот не е во можност физички да дојде во канцеларија за да го потпише договорот. Оваа функционалност е особено корисна за патници од друг град, како и за онлајн и банкарски уплати.

Електронски потпис на договор за патување и онлајн плаќање

По иницирање на договорот, на патникот автоматски му пристигнува мејл со основните податоци од договорот, како и линк до безбеден модул за потпишување. Потпишувањето може да се изврши директно од мобилен телефон, таблет или лаптоп, со допир на екран или со курсор, без инсталација на дополнителен софтвер.

Откако договорот ќе биде потпишан, и патникот и закупецот (агенцијата) добиваат автоматска мејл нотификација дека договорот е успешно потпишан. Во самиот Merakzy систем, потписот на патникот е веднаш видлив во генерираниот договор, како дел од официјалната документација.

На овој начин, туристичката агенција работи целосно усогласено со законските прописи во државата, додека патникот добива правна сигурност и заштита во случај на недоследности или неисполнување на договорената услуга.

Со електронскиот потпис во Merakzy, процесот станува побрз, поедноставен и целосно дигитален, без печатење, без физичко присуство и без губење време.