Merakzy

Безбедност и целосна контрола на податоците: Backup систем во Merakzy

Во туристичкото работење, податоците се клучни. Затоа Merakzy е развиен со посебен фокус на безбедност, сигурност и постојана достапност на информациите.

Безбедност и целосна контрола на податоците: Backup систем во Merakzy

Во туристичкото работење, податоците се клучни. Затоа Merakzy е развиен со посебен фокус на безбедност, сигурност и постојана достапност на информациите.

Сите податоци што се внесени и користени во системот се автоматски архивираат на секој час. Овој континуиран backup процес обезбедува заштита од губење на податоци и овозможува брзо враќање на информациите во случај на технички проблем или неочекувана ситуација.

Покрај автоматските backup-и, Merakzy нуди и дополнителна функционалност за рачно архивирање, која им дава целосна контрола на агенциите врз сопствените податоци. Со еден клик, корисниците можат да преземат локална копија на податоците и да ја зачуваат на својата компјутерска машина во Excel формат.

Рачниот backup овозможува извоз на:

  • податоци за сите патници,
  • целосен календар со сите термини, со јасен преглед на слободни и продадени капацитети,
  • патни листи и rooming листи за следните 15 дена,
  • финансиски податоци, вклучувајќи cash flow, доплати и евиденција на должници.

Оваа функционалност е особено корисна за интерна анализа, финансиско планирање, офлајн работа, како и за дополнителна сигурност при чување на податоците. Агенциите во секој момент имаат целосна сопственост и пристап до своите информации, без зависност од надворешни системи.

Со Merakzy, вашите податоци се заштитени, редовно архивирани и секогаш под ваша контрола – автоматски и рачно, кога и како што ви е потребно.