Merakzy

Управувај со агенцијата од мобилен, каде и да си

Современата туристичка агенција мора да биде флексибилна, брза и постојано поврзана. Денес, работата не се одвива само во канцеларија, туку и на терен, на пат, со партнери и клиенти. Затоа Merakzy мобилната апликација е создадена за да ви овозможи целосна контрола врз агенцијата, директно од вашиот мобилен телефон.

Управувај со агенцијата од мобилен, каде и да си

Апликацијата е достапна за преземање на сите Android уреди и на App Store и овозможува интуитивен и безбеден пристап до сите клучни информации, без потреба од компјутер или дополнителни алатки. Сè што ви е потребно за секојдневното работење е на едно место, во реално време.

Преку Merakzy апликацијата можете лесно да ги следите патните листи и rooming листите, да имате јасен увид во cash flow состојбата, дневните приливи, како и детална евиденција на должници и отворени плаќања. Истовремено, секогаш имате ажурирана информација за достапност на соби по термини и преглед на дневните продажби, без разлика каде се наоѓате.

Апликацијата е прилагодена за различни улоги во агенцијата. Сопствениците добиваат целосна слика за финансиското и оперативното работење. Возачите и туристичките водичи имаат брз пристап до сите релевантни информации за патувањата, групите и распоредите, без потреба од дополнителна комуникација и печатени документи.

Со Merakzy, управувањето со туристичка агенција станува мобилно, организирано и ефикасно.

Една апликација. Една агенција. Целосна контрола, каде и да сте.