Демо пристапот овозможува користење на сите функционалности и модули, без ограничувања. Секогаш е достапна најновата и ажурирана верзија на софтверот, со сите последни подобрувања и надградби.
Тестирањето се одвива во демо средина со пример податоци, што значи дека можете слободно да го испробувате системот без ризик за вашите реални податоци или тековни процеси. Ова овозможува целосно запознавање со начинот на работа, логиката и можностите на Merakzy.
За секој модул се достапни јасни и практични видео туторијали, кои им помагаат на корисниците полесно да се снајдат во системот и побрзо да го разберат начинот на користење. Не е потребна долга обука ниту техничко предзнаење.
Испробај го Merakzy без обврски и донеси одлука врз основа на реално искуство.
