
Огромен дел од времето во секојдневието на агенциите оди на пишување пораки, проверување информации и постојано повторување на исти рачни обврски за секое патување и секоја група патници. Наместо фокус на раст и продажба, тимовите се заглавени во оператива. Токму затоа во Merakzy овозможивме нова фукнционалност, чија цел е да ја автоматизира оваа рутина и да внесе ред во процесите. Со автоматизацијата, целиот процес се сведува на едноставна акција. Системот автоматски ја пресметува точната доплата за секој патник, испраќа известувања до сите одеднаш, води лог дали пораката е испратена и обезбедува јасен доказ дека патниците биле информирани. Наместо часови работа и рачно проверување, целиот процес станува брз, точен и без ризик од пропусти. Друг важен момент кој редовно создава хаос е известувањето за тргнување. Ден или два пред тргнување, телефоните почнуваат да ѕвонат, а пораките се множат. Патниците повторно прашуваат од каде е тргнувањето, во колку часот тргнува автобусот и од која локација се качуваат. Иако овие информации веќе постојат, тие мора повторно да се испраќаат индивидуално, што значи десетици пораки и огромна загуба на време. https://youtu.be/RTow3jRyza8?si=3I4yT1Cf08M3OlXF Со системот, сите патници од истото тргнување се известуваат истовремено. Со еден клик, целата група добива точни и навремени информации за тргнувањето, а истата функционалност може да се користи и за враќањето. Ова значително го намалува притисокот врз тимот во најкритичните моменти пред патување и создава чувство на контрола наместо хаос. Третата ситуација што често се занемарува се патниците кои патуваат со сопствен превоз. Иако не користат автобус, тие мора да ги знаат правилата за check-in и check-out, куќниот ред и важните информации за сместувањето. Во реалноста, овие информации често се испраќаат рачно или се забораваат, што може да доведе до недоразбирања и непријатни ситуации. Автоматската комуникација овозможува сите овие информации да бидат испратени веднаш и без дополнителен труд. Секој патник добива јасни инструкции навреме, без потреба од дополнителни пораки и проверки од страна на агенцијата. https://youtu.be/HBDTTTO873Y?si=hBGpS3QASS4YWL-9 Кога ќе се погледнат сите овие процеси заедно, станува јасно колку време и енергија се трошат на задачи што можат да бидат автоматизирани. Наместо тимот да се занимава со копирање текстови, пребарување по табели и постојано проверување, автоматизацијата овозможува фокус на она што навистина носи вредност, а тоа е подобро искуство за патниците, развој на нови понуди и раст на бизнисот. На крајот, целта не е агенциите да работат повеќе, туку да работат попаметно. Со намалување на рачната работа, елиминирање на грешките и воведување на систем што комуницира автоматски со патниците, се создава простор за развој и скалирање. Во индустрија каде времето е најскапиот ресурс, секој процес што се сведува на еден клик значи вистинска конкурентска предност.
Повеќе
Со новиот модул за екскурзии и празнични патувања во Merakzy, процесот станува значително поедноставен и побрз. Наместо креирање прецизни објекти со точно име на хотел, типови на соби и кревети уште на самиот почеток, агенциите добиваат можност да креираат патувања со дескриптивен објект. Наместо конкретен хотел, може да се користи опис како хотел 4 ѕвезди во Прага. Ова е особено практично во ситуации кога изборот на хотел се финализира откако продажбата веќе започнала и групата почнала да се формира. Наместо да се чека на финални детали, продажбата може да почне веднаш. Една од најголемите предности е повторната употребливост на шаблони. Многу агенции ја повторуваат истата програма за различни празници и датуми. Патување што се нуди за Нова година често се повторува за 8 март или 1 мај. Наместо секојпат програмата да се креира од почеток, системот овозможува истиот темплејт да се искористи повторно. Се додаваат нови датуми, нова цена и нов максимум на патници и за неколку секунди патувањето е подготвено за продажба. Ова значително го намалува времето потребно за подготовка и го елиминира дуплирањето на работа. https://youtu.be/nY6LjLqZyoM?si=X0TbhS2gMWpkL0Aq За разлика од летните аранжмани каде се следи број на соби, кај екскурзиите најважен е бројот на патници. Затоа системот овозможува следење на stop sale според број на лица, што многу повеќе одговара на реалниот начин на продажба на групни патувања. Во истиот момент, патниците автоматски се додаваат во патни листи и во листи на соби, каде што се групираат според договорот и уплатата. Наместо рачно префрлање податоци, листите се создаваат сами и секогаш се ажурирани според последните податоци. Патните листи се достапни и во Merakzy мобилната апликација, без потреба од печатење, па водичот може едноставно да ги отвори директно од телефон и секогаш да има пристап до најновата верзија. Модулот овозможува и поголема комплексност на самите програми. Можно е додавање повеќе градови, различни типови сместувања, пансиони и различни превози во рамки на едно патување. Ова им дава на агенциите слобода да креираат покомплексни и поатрактивни програми без дополнителна административна тежина. https://youtu.be/8lvsXTlnIPA?si=a0znDV_3qv-oYCTW Дополнително, системот овозможува API поврзување и онлајн продажба на екскурзии директно на веб сајтовите на агенциите, како и електронски потпис за побрзо финализирање на резервациите. Ова значи дека целиот процес, од креирање на програмата до продажба и потврда, може да се одвива дигитално и автоматизирано. На крајот, целта е едноставна. Наместо часови потрошени на подготовка, копирање и рачно менаџирање, агенциите добиваат алатка што го скратува процесот на неколку минути. Повеќе флексибилност, побрзо креирање и подобра контрола над групните патувања значат повеќе време за продажба, партнерства и развој на нови идеи. Во динамичен пазар каде брзината е клучна, ова претставува значајна предност за секоја агенција што организира екскурзии и празнични патувања.
Повеќе
Со AI модулот за скенирање на банкарски изводи во Merakzy, овој процес се трансформира во паметна автоматизација со целосна контрола во рацете на агентот. Наместо рачно пребарување, системот го анализира изводот и за секоја уплата предлага со која фактура или резервација треба да биде поврзана. Она што е најважно во целиот процес е тоа што агентот го има финалениот збор, односно може да ја прифати предложената врска или да ја промени доколку смета дека е потребно. На овој начин автоматизацијата помага, но контролата останува кај тимот. Системот ги скенира колоните за приливи и одливи, цел на дознака и повикување на број, како и датумите и бројот на извод. За сите уплати каде што е експлицитно наведен број на фактура, профактура или договор за патување, системот веднаш предлага соодветно поврзување. За трансакциите што не се релевантни за обработка, како исплата на плати или сметки за струја и интернет, системот воопшто нема да понуди поврзување. Ова значи дека фокусот останува само на релевантните приливи. https://youtu.be/hndvBz9aleg?si=tnh3ptj9KARUP3f5 Во ситуации кога системот не може со сигурност да препознае со која резервација е поврзана уплатата, агентот може лесно да направи рачно поврзување. Наместо целиот процес да биде мануелен, автоматизацијата го покрива најголемиот дел од работата, а човекот интервенира само таму каде што е потребно. Важен аспект е и безбедноста на податоците. Банкарските изводи се користат исклучиво за привремена обработка и не се зачувуваат трајно во системот. Во базата се чуваат само уплатите што администраторот експлицитно ќе ги внесе и ќе ги поврзе со постоечки документи. На овој начин се обезбедува заштита на чувствителните податоци и се обезбедува сигурност за корисниците. За да се извлече максимумот од модулот, препорачливо е клиентите во цел на дознака да го наведуваат типот и бројот на документот на кој се однесува уплатата. Примери како „договор 10/2026“, „профактура 10/2026“ или „фактура 10-11/2026“ му овозможуваат на системот веднаш да ги поврзе уплатите со точните резервации. Непрецизни формулации без тип на документ или со нецелосни информации значително ја намалуваат можноста за автоматско препознавање. Резултатот е значително забрзување на евиденцијата за наплатата на профактури, фактури од субагенти и уплати од физички лица. Наместо часови рачна работа, процесот се сведува на неколку минути проверка и потврда.
Повеќе
Календар Добивате брз и едноставен преглед на слободните капацитети од закупот. Ова е особено корисно кога сте во движење и треба веднаш да проверите дали имате достапни соби пред да ветите продажба на клиент. Агентите на терен можат во секој момент да проверат достапност на лице место без да се јавуваат во канцеларија. Статистика Јасен и брз приказ на продажбите во текот на денот и неделата ви овозможува постојано да имате чувство за динамиката на продажбата. Во исто време добивате и преглед на продадени и слободни соби од закупот во следните 15 дена, што помага побрзо да се реагира со промоции, акции или корекција на цените кога е потребно. Патни листи Директен пристап до патните листи во Merakzy без потреба од печатење. Сите информации се секогаш ажурирани и достапни во телефон, што е огромна предност за водичи и возачи. Нема повеќе изгубени или застарени листи, туку една централизирана и сигурна верзија која се ажурира автоматски во реално време. Листа на соби Брз пристап до листите на соби со информации за тоа кои патници се сместени во кои соби, заедно со нивните контакт податоци. Ова им овозможува на претставниците на терен веднаш да стапат во контакт со патниците кога е потребно, да решат проблем или да координираат активности без одложување. Финансиски прегледи Сумирани финансиски извештаи за дневна продажба и преглед на должници ви даваат јасна слика за финансиската состојба во секој момент. Дури и кога не сте во канцеларија, знаете како се движи продажбата и кои уплати недостасуваат. Нотификации Да, точно, не само во Merakzy туку и директно на вашиот телефон. Апликацијата испраќа важни известувања во реално време за нови резервации, промени, доцнења со уплати или други критични настани. Така останувате информирани и реагирате навреме, како што е објаснето и во постот за нотификации. Поделба на улоги и пристап Апликацијата овозможува и прецизна поделба на улоги и пристапи. Секој корисник гледа само информации релевантни за неговата работа. Администраторите можат да имаат целосен пристап до сите модули, додека возачите можат да гледаат само патни листи, водичите пристап до патни листи и листи на соби, а агентите на терен до календар, продажба и контакти. На овој начин податоците се безбедни, а секој член од тимот ја има токму информацијата што му е потребна, без непотребна комплексност. https://www.youtube.com/watch?v=YbXqfYrQkR4 Со Merakzy мобилната апликација, целата работа излегува од канцеларија и станува вистински мобилна. Помалку повици, помалку проверување и помалку рачно пренесување информации. Повеќе контрола, побрза реакција и тим кој секогаш работи со последните податоци. Токму затоа Merakzy Mobile App станува незаменлива алатка за модерните туристички агенции.
Повеќе
По иницирање на договорот, на патникот автоматски му пристигнува мејл со основните податоци од договорот, како и линк до безбеден модул за потпишување. Потпишувањето може да се изврши директно од мобилен телефон, таблет или лаптоп, со допир на екран или со курсор, без инсталација на дополнителен софтвер. https://www.youtube.com/watch?v=KrDwSbQplHw Откако договорот ќе биде потпишан, и патникот и закупецот (агенцијата) добиваат автоматска мејл нотификација дека договорот е успешно потпишан. Во самиот Merakzy систем, потписот на патникот е веднаш видлив во генерираниот договор, како дел од официјалната документација. На овој начин, туристичката агенција работи целосно усогласено со законските прописи во државата, додека патникот добива правна сигурност и заштита во случај на недоследности или неисполнување на договорената услуга. Со електронскиот потпис во Merakzy, процесот станува побрз, поедноставен и целосно дигитален, без печатење, без физичко присуство и без губење време.
Повеќе