Автоматизација без хаос
Сите резервации, уплати и агенти на едно место. Без двојно внесување податоци и рачна проверка.
Погледнете како преку еден софтвер можете да ги менаџирате сите понуди, резервации и цела комуникација со патниците и субагентите.
Туторијали
ВЕРЕН ПАРТНЕР НА ПОВЕЌЕ ОД 20 КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА


ПРЕДНОСТИ НА MERAKZY
Заборавете на старите навики и рачната работа. Merakzy ги решава основните предизвици во секојдневното работење и ви нуди систем што оди чекор понатаму.
Сите резервации, уплати и агенти на едно место. Без двојно внесување податоци и рачна проверка.
Лесно споделување понуди со субагенти и одобрување резервации без повици и мејлови.
Логичен, интуитивен и едноставен за користење, а се развива заедно со потребите на агенциите.
Merakzy има свое API за брза интеграција со нови и постоечки веб-страници за онлајн плаќање.
Усогласен е со законски прописи и системи во Македонија и Србија.
Брза поддршка за реални ситуации во секојдневната работа, без чекање и губење време.
Поддршката од тимот е достапна во секое време
Ви ги споделуваме сите нови функционалности на Merakzy со упатства и совети за пофективно и поефикасно работење.

Во секојдневното работење на туристичките агенции постои еден скриен дел од работата за кој ретко се зборува, особено во летниот период кога скоро секојдневно тргнуваат или се враќаат голем број на патници. Отворени Excel табели, расфрлани списоци, различни пресметки за секој патник, десетици пораки и бескрајни проверки кој е известен за тргнување, место за чекање или кој сè уште не платил. Дали ова сценарио ви е познато? Часови и часови работа, дополнети со многу голем ризик од правење грешка.
Повеќе
Организацијата на екскурзии и празнични патувања отсекогаш била посебна приказна за туристичките агенции. За разлика од класичните летни аранжмани, каде однапред се знае хотелот, типот на соби и бројот на кревети, кај групните патувања работите често се движат поинаку. Продажбата започнува пред да биде финализиран хотелот, програмите се повторуваат во различни термини, а групите се формираат постепено. Овој начин на работа бара голема флексибилност, но во пракса често значи и многу рачна работа, дуплирање на податоци и непотребно губење време.
Повеќе